top of page
viber_image_2020-11-01_16-14-50.jpg

Осовременувајќи ја Сирма Војвода во урбан контекст

Едукативно-креативна работилница за слем поезија

Работилницата се реализира со финансиска поддршка на Министерствто за култура на Македонија.

Home: Welcome
e.p..jpg
Home: About

За проектот

Проектот „Осовременувајќи ја Сирма Војвода во урбан контекст“ е коавторски проект на поетесата и слемерка Елена Пренџова и книжевниот историчар Славчо Ковилоски. „Осовременувајќи ја Сирма Војвода во урбан контекст“ претставува едукативно-креативна работилница за едукација од областа на културносто наследство и креативно пишување преку кои учесничките и учесниците подетално ќе се запознаат со ликот, делото и културолошкото значење на Сирма Војвода, а стекнатото знаење ќе им послужи како инспирација за пишување авторска поезија.


Овие едукативно-креативни работилници доаѓаат како дополнување на формалното образование кое има ограничен фонд на часови по предметот македонски јазик и литература. Овој проект придонесува да се покрене свеста на младите за нематеријалното културно наследство и нивната важност за широките познавања на изградена образована личност родена на територијата на нашата држава. Стекнатите знаење веднаш ќе бидат применети во активно и креативно пишување слем-поезија, која како жанр, исто така не фигурира во формалното образование по мајчин јазик и литература.


Во нашиов контекст, тоа би значело следново: избор на пишаните книжевно-историски дела за Сирма Војвода, а прикладни за средношколската возраст, кои ќе претставуваат централна тема на работилниците.


Во рамките на проектот „Осовременувајќи ја Сирма Војвода во урбан контекст“ ќе се одвиваат следниве програмски активности:


  • Воведно предавање за Сирма Војвода:  запознавање со ликот и делото на Сирма Војвода, нејзината историско-културолошка важност, како и народните и авторските дела посветени на неа.


  • Воведно предавање за слем-поезија и креативно пишување на слем-поезија:  запознавање со жанрот слем-поезија. На оваа сесија присутните ќе се стекнат со следниве знаења:

  • Дефинирање и објаснување на жанрот слем-поезија;

  • Слемот како сукултура, активизам и социјална и општествена ангажираност;

  • Практична работа и дискусија на избрани слем-песни;

  • Техники на пишување слем-поезија и перформативна поезија – прозодија;

  • Техники на изведување слем-поезија и перформативна поезија;

  • Оригиналност, цитатност, интертекстуалност и плагијаторство – дефиниција, објаснување и практична вежба;

  • Практична вежба за пишување краток текст за изведување и изведба.


  • Креативно пишување – ревидирање и уредување на авторски текстови и воведно предавање за техники на снимање видео со мобилен телефон. Планот за работа на оваа сесија е следниов:

  • Практична вежба за искажување конструктивна критика и прифаќање наспроти отфрлање на конструктивните критики;

  • Практична вежба за презентација и давања и примање на конструктивната критика, како и одбрана на своите ставови;

  • Практична вежба на уредување и ревидирање на авторските текстови од вежбите – практична примена на конструктивната критика онаму каде ќе се оцени за пожелна.

  • Техники за учење текстови напамет.

  • Техники на видео-изведба, односно изведба пред камера;

  • Техники на снимање видео со мобилен телефон;

  • Техники на монтирање на снимените видеа.


Коментор(к)и: Елена Пренџова и Славчо Ковилоски.


Трудовите изработени од учесничките и учесниците на работилницата ќе бидат прикачени и на веб-страница која ќе биде направена специјално за потребите на проектот, како и на социјалните мрежи и останатите интернет видео-платформи.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ: Пријавувањето е во тек, а работилниците ќе се одржат во јуни, по договор. Работилниците се отворени за заинтересирани од сите возрасти и од цела Македонија. Групите ќе се формираат според возраста, а средбите ќе бидат и/или со физичко присиство и/или оналин, по договор и во зависност од местото на живеење на пријавените.


* Авторските права за идејата на креативните работилници при проектот „Осовременувајќи ја Сирма Војвода во урбан контекст“ се интелектуална сопственост на Елена Пренџова и Славчо Ковилоски. Не е дозволено делумно ни целосно преземање, копирање и користење на идејата и програмските активности без нивна претходна согласност и дозвола.

** РАБОТИЛНИЦАТА „ОСОВРЕМЕНУВАЈЌИ ЈА СИРМА ВОЈВОДА ВО УРБАН КОНТЕКСТ“ СЕ РЕАЛИЗИРА СО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА НА МАКЕДОНИЈА.

Home: About
71436085_10157715378562299_7949843705932

КОМЕНТОРКА

ЕЛЕНА ПРЕНЏОВА

Елена Пренџова е поетеса, слемерка и препејувачка од Скопје. Таа е магистерка по Филолошки науки и дипломирана професорка по Англиски јазик и книжевност. Пренџова работи во наставната дејност, во формалното и неформалното образование, од 2007 година.


Авторка е на десетина поетски книги, меѓу кои: Пораки од морето (2011) – награда „Бели мугри“ за најдобар поетски ракопис на млад/а автор/ка; Живот под ѕвездите (2013) – награда „Македонска книжевна авангарда“ за ново авангардно книжевно творештво за необјавен поетски ракопис; Љубољубна – награда „Караманов 2014“ за најдобар поетски ракопис; Политички коректна поезија (2014) – награда „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од авторка, членка на Друштвото на писателите на Македонија; Шшш! Интимистичка Вајбер поезија (2018) – награда „Јован Котески“ за најдобра поетска книга; како и Мини прирачник за поезија, книга есеи и размисли за поезијата (2017) и др. Уредничка е на Антологија на младата македонска авангардна поезија (2012) и соуредничка на Ова е моето последно молчење – Инклузивна антологија на современи македонски поетеси (2016) – со поддршка на Министерството за култура.


Ги препејала збирките поезија Скопски блуз и други песни од Македонија (2018) од малтешкиот писател Имануел Мифсуд – со поддршка на Министерството за култура, како и Дуке лар нечистите алишта од американската поетеса Наталиа Тревињо (во печат) – со поддршка на Министерството за култура. Од српски јазик го превела и романот за деца Јас сум Акико од Стефан Тиќми под покровителство на  Програмската комисија на Европската мрежа за литература и книги „Традуки“.


Пренџова е националната претставничка на Европското слем-првенство во 2016 година и членка на жири-комисијата на Европското слем-првенство во 2020 година. Организира и соорганизира слем-настани и слем-натпревари од 2013 година, вклучително и националниот слем-натпревар (со поддршка на Министерството за култура).


Во 2015 година ѝ беше доделена едномесечна писателска резиденција во Албанија, стипендирана од „Поетека Албанија“, Министерството за култура во Албанија и Традуки мрежата, а во 2019 година беше стипендистка на програмата за перформативни уметсности i-Portunus и „Креативна Европа“ остварувајќи резиденцијален престој во Естонија и Словенија каде менторираше слем-работилници и настапуваше на слем-настани.

Home: About
slavco-kovilovski.jpg

КОМЕНТОР

СЛАВЧО КОВИЛОСКИ

Славчо Ковилоски е книжевен историчар, поет, прозаист.


Ав­тор е на една збирка раскази (Лоша тетка и други раскази), две монодрами (Си­нот на Волкашин и На Ножот), три збирки поезија (Сонцето повторно ќе изгрее, Пое­зија во движење и Барутна поезија), три романи (Опасен сум, Сонување и Си­нот на Кралот) и неколку монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата.


Одржал повеќе предавања за ур­ба­ната култура на Фи­ло­зоф­скиот факултет во Скопје, на манифестацијата „Би­то­ла отворен град“ во Би­то­ла, во Културниот центар „Точка“, во Американското катче во Скопје, во скопските гим­на­зии „Јосип Броз“ и „Орце Николов“ и на други културни манифестации и ус­та­но­ви ширум земјата. Учествувал на повеќе научни собири во земјата и во странство.


Во 2018 го­ди­на ја до­бил највисоката др­жав­на награда „Г­оце Делчев“ за особено значајно остварување од ин­те­рес на Ре­пуб­лика Ма­ке­до­ни­ја во областа на науката.


Работи во Институтот за ма­ке­донска ли­тература (Од­де­ление за македонска литература во XIX век), при Уни­вер­зитетот „Св. Кирил и Ме­тодиј“ во Скопје.

Во периодот по 2005 година до денес одржал повеќе предавања за слем-поезија, хип хип култура, урбана култура и на културолошки теми во: Културниот центар „Точка“, на манифестацијата Битола Отворен Град (БОГ), во Струга, Велес, во Американското катче во Скопје, на Филозофскиот факултет (група социологија), на Иститутот за македонска лтература во Скопје (Културолошки студии), на Факултетот на музичка уметност во Скопје, во скопските гимназии „Орце Николов“ и „Јосип Броз“, како и надвор од земјата во: Ријека и Загреб (Хрватска), Нитра (Словачка) и Њујорк (САД). Во Домот на културата „Кочо Рацин“ менторирал работилница за креативно пишување „Есенски креативен мозаик“.

Home: About
Home: About
Home: About
Home: About
Home: Videos

Пишете ни

За информации или за да ни оставите коментар пишете ни на електронската адреса: arhipoezija@gmail.com

Работилницата е наменета за сите возрасти.

Thanks for submitting!

mkd-332496.jpg
Home: Apply Now
bottom of page