Слемираме низ скопските маала
Едукативно-креативна работилница за слем
За проектот
Проектот „Слемираме низ скопските маала“ претставува креативно-едукативнa работилница за пишување слем-поезија, слем-изведба и самоснимање слем-видео.
Работилницата ја обработува слем-поезијата, одликите на слем-поезијата, пишувањето слем-поезија, културата на однесувањето на сцена, односот со микрофонот и пред камера, техниките на слем-изведба, динамиката на гласот и правилниот говор и изговор, односот со публиката, техниките за учење текстови напамет и снимањето слем-видеа со мобилен телефон.
Интерактивна и менторска настава; дискусија; вежби.
Индивидуална работа, работа во парови и групи, работа со менторката.
Целата на работилницата е учеснич(к)ите да се запознаат со слемот како изведбена уметност; да научат да пишуваат слем-текстови, успешно да изведуваат слем-настапи пред камера и да научат да самостојно да снимаат слем-видеа.
Слем-текстовите напишани за време на работилницата за креативно пишување и слем-видеата снимени за време на видео-работилницата ќе бидат прикачени на официјалната слем ФБ страница: Poetry SLAM Macedonia – https://www.facebook.com/slammacedonia, на веб-страница специјално направена за потребите на проектот.
* Авторските права за идејата на креативните работилници при проектот „Слемираме низ скопските маала“ се интелектуална сопственост на Елена Пренџова. Не е дозволено делумно ни целосно преземање, копирање и користење на идејата и програмските активности без нивна претходна согласност и дозвола.
** РАБОТИЛНИЦАТА „СЛЕМИРАМЕ НИЗ СКОПСКИТЕ МААЛА“ СЕ РЕАЛИЗИРА СО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАД СКОПЈЕ.
*** Насловна фотографија: Јане Стојаноски
**** Дизајн на креатива: Александра Новеска
Био-библиографија
Елена Пренџова е магистерка по филолошки науки и дипломирана професорка по англиски јазик и книжевност.
Работи како советничка за превод при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а предава и во Центарот за обука ЕВА (Едукативна вокациска асистенција).
Пренџова е првата во нашата земја која почна да менторира работилници за креативно пишување, реализирајќи ги своите работилници и надвор од земјата:
ноември 2020: Коменторка на креативно-едукативната работилница за картографијата и креативното пишување „Да ги доближиме природните и техничките науки до младите: Забавна картографија“ за основки и основци – со поддршка на Град Скопје и во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје
октомври-ноември 2020: Коменторка на креативно-едукативната работилница за цртеж и креативно пишување „Скопска архитектура што инспирира поезија“ наменети за млади од повисоките класови од средните училишта – со поддршка на Град Скопје
октомври-ноември 2019: Менторка на серијата креативни работилници за креативно пишување наменети за основци/основки и средношколци/средношколки што се одржуваа во 6 градови низ Македонија со завршна приредба во Скопје – „Карван на креативни работилници за креативно пишување“ – со поддршка на Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“
март 2019: Коменторка на работилницата за креативно пишување „Мали приказни од Скопје“ во соработка со „Просветно дело“, Скопје – со поддршка на Град Скопје
март 2019: Коменторка на работилница за креативно пишување во градската библиотека „Бора Станковиќ“ во Врање, Србија во склоп на манифестацијата „Борински литературни денови“, организирана од градот Врање
август 2018: Коменторка на слем-работилница во рамките на Интернационалниот филмски фестивал „Оревче бич фестивал“
март 2018: Менторка на работилница по креативно пишување на ориентални кратки поетски форми во „Врајтинг студио“, Скопје
февруари 2018: Менторка еднодневната едукативна работилница по креативно пишување на тема „Ориентални кратки поетски форми – ХАИКУ И СЕНРЈУ“ во рамките на проектот „Самодовербата и социјалната инклузија предуслов за достоинствено старењее“ во Куманово
декември 2017: Коменторка-инструкторка на работилница „Уметничка креативност во поезијата“, проект „Социјална инклузија на лицата од трето доба“ во рамките на проектот на Републичкиот одбор на Црвениот крст на Македонија во Скопје
декември 2016: Менторка по слем-работилница со средношколците од Охридската гимназија, спроведена преку Националниот младински совет на Македонија (НМСМ)
октомври–ноември 2015: Хонорарна менторка по работилниците за стилски вежби по креативно пишување „Надреалистички техники по пишување“ во школата за уметности „Џолев и уметностите“.
Пренџова се занимава со слем-поезија и изведбена поезија од 2012 година.
Пренџова е коорганизаторка на Националниот слем-натпревар во Прилеп.
Ја претставувала Македонија на Европското слем-првенство во 2016 година.
Во 2019 година беше стипендистка на програмата за перформативни уметсности i-Portunus и „Креативна Европа“ остварувајќи резиденцијален престој во Естонија и Словенија каде менторираше слем-работилници и настапуваше на слем-настани.
Во 2020 година е членка на жири-комисијата на Европското слем-првенство.
Авторски збирки поезија:
Шшш! Интимистичка Вајбер поезија (прво и второ издание) – национална награда „Јован Котески“ за најдобра поетска книга
Мини прирачник за поезија, книга есеи, говори, коментари и размисли за поезијата
Љубољубива/Политички коректна поезија, издание на српски јазик (препев: Катарина Фиаменго)
Љубољубна – награда „Караманов 2014“ за најдобар поетски ракопис
Политички коректна поезија - награда „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од авторка, членка на Друштвото на писателите на Македонија
Život pod zvezdama, издание на хрватски јазик (препев: Жарко Милениќ), Брчко, БиХ
Живот под ѕвездите – награда „Македонска книжевна авангарда“ за ново авангардно книжевно творештво за необјавен поетски ракопис
Пораки од морето – награда „Бели мугри“ за најдобар поетски ракопис на млад/а автор/ка
Таа
Јас
Препеви:
Скопски блуз и други песни од Македонија од малтешкиот писател Имануел Мифсуд – со поддршка на Министерството за култура
Дуке лар нечистите алишта од американската поетеса Наталиа Тревињо – препев на македонски и на албански (албанскиот препев е на Јордана Шемко-Ѓорѓиевска) – со поддршка на Министерството за култура
Преводи:
Јас сум Акико од српкиот писател Стефан Тиќми, роман за деца – под покровителство на Програмската комисија на Европската мрежа за литература и книги „Традуки“
ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА
Проектот „Слемираме низ скопските маала“ се реализира согласно Решението на Градоначалникот на Град Скопје за финансирање манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата, со које е опфатено финансирањето на програми/проекти на здруженија на граѓани, културни установи, самостојни уметници и поединци кои ги задоволуваат општите и посебните критериуми согласно објавениот Kонкурс, како програми/проекти од областа на културата преку кои се остварува локалниот интерес во културата на Грaдот Скопје за 2021 година.