top of page
166023324_479025463283336_12078454269129

СЛЕМ ЗА ЖИВОТОТ ВО СКОПЈЕ

Работилницата се реализира со финансиска поддршка на Град Скопје и во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ - Скопје.

Home: Welcome
162627735_200875528495967_68300747804322

ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот „Слем за животот во Скопје“ претставува креативно-едукативнa работилница за слем-поезија наменета за тинејџер(к)и и младинци/младинки.


Работилницата е составена од три дела:


1. Работилница за креативно пишување – пишување слем-поезија. На оваа работилница ќе се изучува: што претставува слем-поезијата, кои се одликите на слем-поезијата, кои карактеристики ја прават слем-поезијата посебен жанр, како се пишува слем-поезија; уредување и финализирање на слем-текстовите и сл.

Интерактивна и менторска настава; дискусија; вежби.

Индивидуална работа, работа во парови и групи, работа со менторката.

Менторка: Елена Пренџова.


2. Работилница за сценски настап – слем-изведба. На оваа работилница ќе се изучува: култура на однесување на сцена, однос со микрофон и пред камера, техники на слем-изведба, динамика на глас и правилен говор и изговор, однос со публика, актерски вежби, техники за учење текстови напамет и сл.

Интерактивна и менторска настава; дискусија; вежби.

Индивидуална работа, работа во парови и групи, работа со менторот.

Ментор: Игор Трпчески.


3. Работилница за снимање видео – снимање слем-видео. На оваа работилница ќе се изучува: претпродукција – подготовка на сториборд (табла со приказ на планирани кадри), определување на позната скопска локација која го одбележува градот, проверка на техничка опрема за снимање на видеозапис (камера, светло, звучна и визуелна позадина, микрофон); продукција – повеќекратно снимање на аудио-визуелен запис (со камера или онлајн алатка) според планираните кадри од таблата, преглед на аудио-визуелните записи и преснимување (по потреба); постпродукција – уредување на аудио-визуелните записи и нивна финална обработка со внесување на воведен и завршен дел (intro/outro), како и отстранување на непотребни делови од кадрите, корекција на звук, додавање ефекти и сл.

Индивидуална работа, работа во парови и групи, работа со менторот.

Ментор: Перо Сарџоски.


Целата на работилниците е учеснич(к)ите да се запознаат со слемот како изведбена уметност; да научат да пишуваат слем-текстови, да изведуваат слем-настапи пред камера и да научат да самостојно да снимаат слем-видеа.


Слем-текстовите напишани за време на работилницата за креативно пишување и слем-видеата снимени за време на видео-работилницата ќе бидат прикачени на официјалната слем ФБ страница: Poetry SLAM Macedonia – https://www.facebook.com/slammacedonia, на веб-страница специјално направена за потребите на проектот и на официјалната веб-страница на ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ – Скопје.

* Авторските права за идејата на креативните работилници при проектот „Слем за животот во Скопје“ се интелектуална сопственост на Елена Пренџова. Не е дозволено делумно ни целосно преземање, копирање и користење на идејата и програмските активности без нивна претходна согласност и дозвола.

** РАБОТИЛНИЦАТА СЕ РЕАЛИЗИРА СО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАД СКОПЈЕ И ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „КОЧО РАЦИН“ - СКОПЈЕ.

Home: About
551445_862801107107371_11287620361663609

КОИ СМЕ НИЕ?

ЕЛЕНА ПРЕНЏОВА ака Брит Лилит

Елена Пренџова е поетеса, слемерка и препејувачка од Скопје. Таа е магистерка по Филолошки науки и дипломирана професорка по Англиски јазик и книжевност. Пренџова работи во наставната дејност, во формалното и неформалното образование, од 2007 година.


Авторка е на десетина поетски книги, меѓу кои: Пораки од морето (2011) – награда „Бели мугри“ за најдобар поетски ракопис на млад/а автор/ка; Живот под ѕвездите (2013) – награда „Македонска книжевна авангарда“ за ново авангардно книжевно творештво за необјавен поетски ракопис; Љубољубна – награда „Караманов 2014“ за најдобар поетски ракопис; Политички коректна поезија (2014) – награда „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од авторка, членка на Друштвото на писателите на Македонија; Шшш! Интимистичка Вајбер поезија (2018) – награда „Јован Котески“ за најдобра поетска книга; како и Мини прирачник за поезија, книга есеи и размисли за поезијата (2017) и др. Уредничка е на Антологија на младата македонска авангардна поезија (2012) и соуредничка на Ова е моето последно молчење – Инклузивна антологија на современи македонски поетеси (2016) – со поддршка на Министерството за култура.


Ги препејала збирките поезија Скопски блуз и други песни од Македонија (2018) од малтешкиот писател Имануел Мифсуд – со поддршка на Министерството за култура, како и Дуке лар нечистите алишта од американската поетеса Наталиа Тревињо (во печат) – со поддршка на Министерството за култура. Од српски јазик го превела и романот за деца Јас сум Акико од Стефан Тиќми под покровителство на  Програмската комисија на Европската мрежа за литература и книги „Традуки“.


Пренџова е националната претставничка на Европското слем-првенство во 2016 година и членка на жири-комисијата на Европското слем-првенство во 2020 година. Организира и соорганизира слем-настани и слем-натпревари од 2013 година, вклучително и националниот слем-натпревар (со поддршка на Министерството за култура).


Во 2015 година ѝ беше доделена едномесечна писателска резиденција во Албанија, стипендирана од „Поетека Албанија“, Министерството за култура во Албанија и Традуки мрежата, а во 2019 година беше стипендистка на програмата за перформативни уметсности i-Portunus и „Креативна Европа“ остварувајќи резиденцијален престој во Естонија и Словенија каде менторираше слем-работилници и настапуваше на слем-настани.

Home: About
121494753_10224070982432860_627797625021

КОИ СМЕ НИЕ?

ИГОР ТРПЧЕСКИ ака ТРПЧЕ

Игор Трпчески дипломирал на Факултет за драмски уметности – Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, а специјализирал режија на
Националната академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов“ – Софија.


Вработен е како актер во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп од 1998 година.


Како актер во матичниот театар учествувал во над 45 театарски претстави, а учествувал и како гостин во другите македонски национални театри во Скопје, Куманово, Велес и Битола.


Учество во ТВ-филмови и серии: „Дичо Зографот“, „Мост“, „Авантурите на Итар Пејо“, „Преспав“. Учество во играни филмови: „Трето полувреме“, „Тајната книга“, „Моето езеро“ и др.


Презентер е на меѓународниот карневал ПРОЧКА и домаќин на Новата година на централниот плоштад во Прилеп повеќе од десет години.


Режирал многу детско-образовни претстави.


За претставата „Приказна за војникот“ на С.Ф. – Рами, ја добил наградата „Гран при“ на ДАФ Кочани 2008 година и наградата „Гран при“ на фестивалот „Лица без маска“ во 2009 година.


За независната претстава „Делириум тременс“ добил две меѓународни награди за најдобра претстава и најдобра машка улога на фестивалот АЛБА МОНО во Корча, Албанија.


Во 2003 година ја создадал НВО „Театарската работилница – Прилеп“ со која реализирал голем број независни и алтернативни претстави, објавил и промовирал книги, изложби, литературни читања и други културни настани организирани на ниво на град: карневалот на Прочка, Нова година на плоштад, јубилеј 40 години градинки, месец на здраво дете, поезија Маркукуле, Македонија Театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и др.


Во 2011 година го организирал првиот Поетски Слем Македонија во Прилеп и оттогаш, традиционално се организира секоја година.


Двапати беше претставник на Европското слем-првенство во Брисел во 2017 година и во Марибор во 2020 година.

Home: About
Перо Велестово.jpg

КОИ СМЕ НИЕ?

ПЕРИЦА САРЏОСКИ ака ПЕРО

Перица Сарџоски дипломирал на Филолошкиот факултет на Катедрата за Англиски јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.


Сарџоски е основач на училиштето за англиски јазик „Пегасус ЕЛС“.


Објавени дела: Карпа жива (2005) – поема; Цветниот пат (2006) – патеписен роман, во кој може да се проследи езотерично доживување на двајца талкачи низ „мултидимензионалната душа на Македонија“, преку посета на неколку значајни локалитети во земјава (Кокино, Куклици, Лесново, Берово и Вељуса).


Во последно време настапува заедно со една прекрасна екипа на поети/поетеси, актер(к)и и уметници кои ја промовираат слем-поезијата како нов начин на комуникација со публиката, при што до сега има учествувано на слем-натпревари во повеќе градови низ Македонија (Скопје, Тетово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Велес, Дојран и др.).


Перица Сарџоски е и книжевен преведувач, а меѓу позначајните книжевни дела кои ги има преведувано од македонски на англиски јазик се збирката критички есеи со наслов По трагите на смислата и убавината од Милан Ѓурчинов и збирката поезија Раѓањето на зборот од Ацо Шопов. 

Сарџоски работи со видео-продукција на кратки и долги репортажни видеа. Досега има работено на неколку значајни проекти, како што се снимање на репортажа за Галичката свадба, репортажно снимање на неколку фестивали меѓу кои и тетовскиот музички фестивал RELIVE, а и археолошки тури низ Македонија во соработка со ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција на културата од Скопје. 

Home: About
aps%2C504x498%2Csmall%2Ctransparent-pad%2C600x600%2Cf8f8f8_edited.jpg

КОИ ФИНАНСИРААТ?

ГРАД СКОПЈЕ

Проектот „Слем за животот во Скопје“ се реализира како програмска активност помината на Конкурсот за финансирање на проекти од локален интерес на Град Скопје за 2021 година на ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ – Скопје.

Home: About
10714050_784586071585037_236009131651828

КОИ ОРГАНИЗИРААТ?

Дом на културата „Кочо Рацин“ - Скопје

ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје во континуитет од 1954 г. интензивно работи на промоција на сите облици на културни дејности со особена програмска цел, со едукативно културолошко делување врз сите старосни групи на населението, притоа негувајќи ги нивните вистинските културни потреби. Домот создава и промовира разнообразни културни и едукативни програми со кои се поттикнува и се пренесува знаење со креативно користење на слободното време на граѓаните, со задоволување на нивните потреби за сопствено творештво. Нашето културно уметничко творештво успешно го презентира во градот, Републиката и надвор од неа.


Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје работи и на унапредување на јавната свест за потребите на децата со специјални потреби со цел за подигање на квалитетот на нивниот живот.
Установата исто така е релевантна мултикултурна средина за промовирање и популаризација на културните вредности на различните етнички заедници.


Програмските активности Установата ги реализира по дејности: литературна, ликовна, едукативно-образовна, музичка и фолклорна. Организира фестивали: Меѓународен фолклорен фестивал „Играме и пееме заедно“ и Мултикултурен фолклорен фестивал.
Манифестации: „Денови“, „Патуваме преку сказни“; ликовна: „Жената симбол и инспирација“, „На Велигден на Благден“, „Од животот на Ромите“, „Ден на албанската азбука“.


Литературната дејност реализира програма којашто има рамномерен пристап кон сите жанровски облици на македонската книжевност и на книжевностите на другите етнички заедници во земјата и на нивните актуелни достигнувања. Претставени се нови дела особено на домашни етаблирани автор(к)и, поети/поетеси, раскажувач(к)и, делата на наградувани автор(к)и. Промовира и млади автор(к)и во подем. Посветува особено внимание на починати наши современици/современички. Промовира поважни наслови на преведени дела, (особено на наградени автор(к)и на светската литература за деца).


Во едукативно-образовната дејност се остваруваат информативни, образовни, културни, економски, политички и научно истражувачки содржини од најразлични области секогаш внимавајќи и тргнувајќи од актуелните случувања во државата и во согласност со потребите што ги наметнува современото живеење. На трибините, предавањата, и дебатите коишто се реализираат во циклуси учествуваат познати професор(к)и, академици/академки, политичар(к)и, новинар(к)и.


Ликовната дејност е со ангажирана тематика, од сферата на специфичните вредности и карактеристики на македонското поднебје, скопско и пошироко, од сферата на духовноста, од традицијата, од ризницата на световното и сахралното културно наследство, како и со актуелна проблематика од глобален карактер – грижата за природата, афирмација на старите занаети, афирмација и претставување на други култури.


Установата е отворена и достапна за сите видови соработка, соработката со другите установи од областа на културата, организации, образовни институции, културни работници во градот, во Републиката и пошироко, соработка со културни центри од Европа, и европски културни центри во земјава. Соработка со издавачки куќи, поединци/поединки и со приватниот сектор.

Home: About
Home: Pro Gallery
Home: Pro Gallery

ПИШЕТЕ НИ

Доколку сакате да стапите во контакт со нас, слободно пишете ни на електронската адреса: poetri.slam@yahoo.com


121615769_10224070991193079_306703043596
Home: Apply Now
bottom of page