ЕЛЕНА ПРЕНЏОВА
Елена Пренџова е магистерка по филолошки науки и дипломирана професорка по англиски јазик и книжевност. Работи како советничка за превод при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а предава и во Центарот за обука ЕВА (Едукативна вокациска асистенција).
Реализирани креативни работилници:
-
октомври-ноември 2020: Коменторка на едукативно-креативните работилници за цртеж и поезија „Архитектура што инспирира поезија“ – со поддршка на Град Скопје
-
октомври-ноември 2019: Менторка на серијата креативни работилници за креативно пишување наменети за основци и основки и средношколци и средношколки што се одржуваа во 6 градови низ Македонија со завршна приредба во Скопје – „Карван на креативни работилници за креативно пишување“ – со поддршка на Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ во 2019 година
-
март 2019: Коменторка на работилницата за креативно пишување „Мали приказни од Скопје“ во соработка со „Просветно дело“, Скопје и Домот на културата „Кочо Рацин“, Скопје – со поддршка на Град Скопје
-
март 2019: Коменторка на работилница за креативно пишување во градската библиотека „Бора Станковиќ“ во Врање, Србија во склоп на манифестацијата „Борински литературни денови“, организирана од Град Врање
-
август 2018: Коменторка на слем-работилница во рамките на Интернационалниот филмски фестивал „Оревче бич фестивал“, Охрид
-
март 2018: Менторка на работилница по креативно пишување на ориентални кратки поетски форми во „Врајтинг студио“, Скопје
-
февруари 2018: Менторка на еднодневната едукативна работилница по креативно пишување на тема „Ориентални кратки поетски форми – ХАИКУ И СЕНРЈУ“ во рамките на проектот „Самодовербата и социјалната инклузија предуслов за достоинствено старењее“ во Куманово
-
декември 2017: Коменторка-инструкторка на работилница „Уметничка креативност во поезијата“, проект „Социјална инклузија на лицата од трето доба“ во рамките на проектот на Републичкиот одбор на Црвениот крст на Македонија во Скопје
-
декември 2016: Менторка по слем-работилница со средношколците и средношколките од Охридската гимназија, спроведена преку Националниот младински совет на Македонија (НМСМ)
-
октомври–ноември 2015: Хонорарна менторка по работилниците за стилски вежби по креативно пишување „Надреалистички техники по пишување“ во школата за уметности „Џолев и уметностите“.
Пренџова е авторка на десетина авторски збирки поезија:
-
Шшш! Интимистичка Вајбер поезија (2019, две изданија) – национална награда „Јован Котески“ за најдобар поетски ракопис
-
Мини прирачник за поезија (2017), книга есеи, говори, коментари и размисли за поезијата
-
Љубољубива/Политички коректна поезија (2015), издание на српски јазик (препев: Катарина Фиаменго)
-
Љубољубна (2014) – награда „Караманов 2014“ за најдобар поетски ракопис
-
Политички коректна поезија (2014) –награда „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од авторка, членка на Друштвото на писателите на Македонија
-
Život pod zvijezdama (2013), издание на хрватски јазик (препев: Жарко Милениќ), Брчко, БиХ
-
Живот под ѕвездите (2013) – награда „Македонска книжевна авангарда“ за ново авангардно книжевно творештво за необјавен поетски ракопис
-
Пораки од морето (2011) – награда „Бели мугри“ за најдобар поетски ракопис на млад/а автор/авторка
-
Таа (2009)
-
Јас (2006)
Пренџова се занимава и со слем-поезија и изведбена поезија. Ја претставувала Македонија на Европското слем-првенство во 2016 г. Пренџова е коорганизаторка на Националниот слем-натпревар.
МАРТИН ЦВЕТКОВСКИ
ИРЕНА ЈУРЧЕВА
Мартин Цветковски дипломирал на Природно-матетамичкиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Катедрата по географија, насока: Географски информационен систем (ГИС) на тема „Географски Информациски системи на културни институции во град Скопје“.
Работел како ГИС-инженер и геодет во неколку домашни приватни фирми.
Врвот во неговата географска кариера ја достигнува работејќи како ГИС-инженер за холандската платформа „Хијар текнолоџис“ (Here Technologies), од 2014 до 2017 година, каде го истражувал теренот и обележувал поголемиот дел од градот Скопје, како и други предели на Македонија (Охрид, Струга, Битола) на нивните мапи.
Неговото знаење и љубовта кон природата ја ширел како вработен зоонегувател и едукатор во Зоолошката градина во Скопје.
Како самоук професионален музичар учествувал во повеќе музички проекти и музички групи и има издадено 7 музички изданија:
-
Ambroz – Night funeral, 2008
-
Beyond The Horizon – Reign Of The Unholy Stars, 2010
-
Beyond The Horizon – When Gods Started Killing, 2012
-
Carnage Dominion – Grinding Through Future, 2015
-
Disease – Neverending War Crimes, 2016
-
Groaned Cold – On My Own, 2018
-
Gears – Perceptions, 2019
Учествувал во организација на Културно-урбаниот фестивал Под земја полесно се дише кој се случува од 2015 година до денес. Учествувал и ги организирал музичките фестивали Skopje Death Fest 2014 и Земјотрес 2017 во Младинскиот културен центар.
Како поет, негови песни се издадени во Списанието за литература, култура и уметност „Современост“.
Ирена Јурчева е родена во Белград.
Живее и работи во Скопје.
Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата за преведување и толкување. Во 2017 година ја одбранила својата магистерска теза на тема: „Културолошко преведување на Силмарилион од Џ.Р.Р. Толкин како предизвик за преведувачот”.
Работела како професорка по англиски и француски јазик во повеќе училишта и јазични центри во Скопје.
Превела повеќе од петнаесет книги за три издавачки куќи во Македонија.
Досега има објавено една поетска книга Таинства (2017) и книга раскази Белата е најстрашната боја (2019) за која ја добила наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!”.
Гостувала на повеќе поетски фестивали, читања и слем-натпревари.
Во 2017 година е наградена на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри”– Гостивар.
Нејзина поезија е објавена во неколку книжевни списанија.
Организирала и учествувала во неколку работилници за креативно пишување:
2019 Коменторка на работилницата за креативно пишување „Мали приказни од Скопје“ – работилница за кратки раскази за средношколци и средношколки во соработка со „Просветно дело“, Скопје и Домот на културата „Кочо Рацин“, Скопје – со поддршка на Град Скопје
2018 Менторка на работилницата за поезија за средношколци и средношколки„Јас, ти и Скопје“ во соработка со „Просветно дело“, Скопје и Домот на културата „Кочо Рацин“, Скопје – со поддршка на Град Скопје
2017 Коменторка-инструкторка на работилница „Уметничка креативност во поезијата“, при проектот „Социјална инклузија на лицата од трето доба“ во рамките на проектот на Републичкиот одбор на Црвениот крст на Македонија