top of page

Алексеј Ковилоски, 3б одделение, ООУ „Кочо Рацин“, Петровец, Скопје

 

Има две бои, личи на магаре и живее во Африка. Што е тоа? (зебра)

 

Има сурла и многу големи уши. Што е тоа? (слон)

Анастасија Треноска, VI одделение, ОУ „Кочо Рацин" – Охрид

предметна наставничка: Фила Вероска-Стојковска

 

Цар на сите животни е,

на сите им влева страв,

живее во џунглите,

а се вика...

                       Лав

 

 

Јагниња и овци

краде тивко в молк

напаѓани крави,

а се вика...

                       Волк

 

 

Дење , ноќе куќа чува,

не одбира: јаде сешто,

крадците ги фаќа

ем утро, ем вешто...

                        Куче

Андреа Георгиевска, VII одделение и Никола Георгиевски, IV одделение,

ООУ „Вук Караџиќ“ – Куманово / предметен наставник: Николче Јакомовски

 

Полжав – За својата куќа најмногу се грижи, врз себе ја носи и кога се движи.

 

Крава – Два рога на врв глава, со опашка и виме, погоди кое е моето име.

 

Магаре – Со ушите нагоре, со опашката надоле.

 

Змија – Долго тело вие низ камења се крие, со јазикот с'ска ама не е гуска.

Андреа Шекеринова, V одделение, ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ – Скопје

 

Тој е најголема мачка

но, никако не е плачка.

На пантерот близок род

со линии како бар код.

...тоа е Тигар

 

 

Со шепите крушки кине,

и зимата во сон ја мине.

Многу сака мед да краде

и самата цел го јаде.

...тоа е Мечка

 

 

Шаренко е цело, 

но, многу е смело.

Тоа мало галениче,

е моето милениче.

...тоа е Маче

Васка Тодорова, VI одделение, ООУ „Сандо Масев“ – Струмица

 

Нозете ми се на земја,

главата ми е на небо,

имам и долг врат,

погоди што сум јас?

 

(жирафа)

 

 

Цела зима во пештера спие,

напролет се буди,

со пчели и мед сака да се дружи.

Погоди што е тоа?

 

(мечка)

Дамјан Чупоски, IV-в одделение, ОУ „Јан Амос – Коменски“ – Скопје

 

ГО ВИКААТ КРАЛ, А НЕМА КРУНА.

 

 

 

 

 

Ѓорги Георгиев, VIII oдделение, ООУ „Герас Цунев“ – Просениково, Струмица

предметен наставник: Трајче Бјадов

 

Секогаш скока, своето бебе си го носи в џеб.

 

Вид на коњ, оди по пешачки премин.

 

 

 

 

Ивана Тренеска, VII oдделение, ОУ „Кирил и Методиј“ – с. Канатларци, Прилеп

предметна наставничка: Ирена Трајкоска

 

Како и да ја фрлиш на нозе ќе застане.

Мачка

 

Брада има, а не е маж,

Рогови има, а не е бик.

Што е тоа?

 

Коза

 

 

 

 

Мартина Китановска, IV-4 одделение,

ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ – Скопје

 

Во ладна вода сака да плива,

а риба не е.

Птица е, ама не лета,

што е тоа?

 

(Пингвин)

 

Во рана зора тој сите нѐ буди,

а будилник не е?

 

(Петле)

 

 

 

 

Матеј Трајкоски, I oдделение, ОУ „Блаже Конески“ – Прилеп

 

Голема дипла што спие во зима. Мечка

 

Има јазик како змеј и лази. Змија

 

Мало црно со ножиња 6. Мува

 

 

 

 

Мила Боцеска, V-2 одделение, ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ – Скопје

предметна наставничка: Татјана Шекеринова

 

Птица е, но не лета. (пингвин)

 

Како и да ја фрлиш, на нозе ќе падне. (мачка)

 

 

 

 

Теодора Трајкова, IV одделение, ОУ „Петар Здравковски – Пенко“ – Скопје

 

 

Живее во густа шума,

убава е – чесна дума,

ко со знаме над главата

со опашка долга мавта,

во шуплив даб куќа има

и лешници куп за зима.

 

                            (верверичка)

 

 

По пештери, тавани

цел живот се крие,

зимно време таму 

мирува и спие.

 

                        (Лилјак)

 

 

Брзонога, горда, дива,

има кожа темно сива,

на карпести спили цврсти

стои или лисје брсти.

 

                      (Дивокоза)

bottom of page